Постигнат договор за извоз на украинското жито

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Официјални лица на Русија, Украина, Турција и ОН преговараа за продолжување на извозот на жито од Украина преку Црното Море.

Преговорите доведоа до договор за формирање на координативен центар за обезбедување на безбедноста на рутите, објави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Тој додаде дека договорот ќе биде потпишан следната недела кога повторно ќе се сретнат сите страни, пренесе „Ројтерс“.

Акар изјави дека сите страни се согласиле за заедничка контрола на житото во пристаништата.

Како што објави „Индекс“, по овој повод на Твитер се огласи шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак.

„Неговата задача ќе биде да изврши општ надзор и координација на безбедната пловидба во Црното Море. Ова ќе обезбеди извоз на украинско жито и ќе гарантира безбедност на храната за милиони луѓе ширум светот“, напиша тој.

Претставниците на Украина и Русија ќе се сретнат следната недела во Турција за да разговараат за деталите од новиот договор.

Слични содржини