Украинскиот претседател Петро Порошенко предупреди дека склученoto примирје во Минск, што треба да стапи на сила од ноќеска е под “голема опасност”, откако се водат тешки борби во источниот дел на земјата, објавија ББЦ.
“Се зголемија руските операции. Убедени сме дека договорите постигнати во Минск се во голема опасност “, рече тој.
Во исто време, амбасадорот на САД во Украина Џефри Пајет објави на “Твитер” сателитска слика, што според него ја покажува руска артилерија до Дебалцево.

“Дебалцево. Убедени сме дека има руски војници, не сепаратисти, единици “, напиша тој.
Амбасадорот истакна дека руски единици на границата со Украина подготвуваат големи испораки за сепаратистите.
Пајет додаде дека сепаратистите “сега имаат поголема борбена моќ со обезбедените тенкови, оклопни возила, артилерија и ракетни системи од дел од НАТО и европски држави”.
Артилериски оган може да се слушне во градот Донецк. Жестоки борби се водат околу Дебалцево – стратешки град, кој се уште е под контрола на украинските војници, но речиси опкружен од сепаратистите. Исто така се регистрирани судири и артилериски оган до јужниот пристанишен град Мариупол.
Дописник на ББС објави дека има голема опасност примирјето да не стапи во сила. Други дописници исто така, нагласија дека нема изгледи за прекин на огнот.
Заменик-министерот за одбрана на Украина Петро Мекхед истакна дека сепаратистите сакаат да ” го подигнат знамето ” над Дебалцево и Мариупол пред примирјето да стапи во сила точно на полноќ.
“Украина очекува ескалација и ги има преземено сите неопходни мерки за да одговори”, појасни тој.
Украинскиот волонтерски баталјон “Азов” соопшти дека сепаратистите користат артилерија и тенкови за офанзива против село до Мариупол.
Пријавени се барем десетина загинати цивили при гранатирање во источна Украина .
Портпаролот на украинската армија информира дека 7 војници биле убиени, а 23 беа повредени во изминатите 24 часа.
Не е јасно кој користи артилерија, но украинските војници и сепаратистите се обвинуваат едни во други, дека пукаат во цивилни области.
Се очекува во текот на викендот претседателите на Франција, Русија, Украина и канцеларката на Германија да разговараат за ситуацијата во телефонски разговор.
Во неделата ќе има вонредна седница на Советот за безбедност на ОН во врска со случувањата во источна Украина.
Во меѓувреме , Претседателот на парламентот на Луганската народна република Алексеј Карјакин изјави дека републиката започнува повлекување на тешкото вооружување од фронтот, пријавени ТАСС.

“Ние ја повлекуваме тешката артилерија. Нашите борци остануваат на позициите. Ќе ги преземеме сите чекори за да ја запреме војната “, рече тој.
Карјакин исто така информира дека народниот одбор на републиката одобрил комплекс од мерки за спроведување на договорите од Минск, потпишани во белоруската престолнина на 12 февруари.
Претходно известивме дека двете републики, вклучувајќи Донецк,ги ратификуваа потпишаните документи во Минск.