Без оглед на нивото на вашето сексуално искуство, постојат некои прашања за кои сите размислуваме одвреме-навреме. Сите сакаме да се чувствуваме како да имаме нормален и исполнет сексуален живот. Затоа, главното прашање меѓу паровите е: Колку често всушност треба да имаме секс?
Експертката по прашањето, Џес Вајлд, го сподели своето мислење за ова прашање со Daily Star, а одговорот задоволи многумина.
– Паровите треба да имаат секс колку што сакаат. Не постои минимален или максимален број кој одредува колку паровите треба да имаат секс. Сè додека и двајцата се задоволни со количината на секс, тоа е совршена количина – вели Џес.
Таа советува дека доколку партнерите имаат различни желби за количината на секс во врската, треба отворено да зборуваат за својот сексуален живот. Имено, Џес тврди дека честопати проблемот не е само количината на секс, туку и задоволството кое го добивате од партнерот. Затоа препорачува да разговарате за начините за подобрување на вештините на партнерот, како и независната мастурбација како начин да го подобрите сопственото задоволство.