„Постои место во пеколот“: Шакира го прекина молкот, проговори за раскинувањето со Пике

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Откако Жерар Пике (36) конечно ја потврди врската со Клара Чија Марти (23), колумбиската пејачка Шакира (46) го прекина молкот.

Пејачката одлучи да си ја отвори душата, па искрено му кажа на мексиканскиот новинар Енрике Асеведо што навистина мисли за новата љубов на Пике.

„Раскинувањето беше очајно и болно, но од него излегов посилна… Конечно се чувствувам независна и доволна самата на себе. Претходно ја прифаќав таа приказна дека на секоја жена ѝ треба маж, но сфатив дека може да биде поинаку, веќе не сум емотивно зависна од никого“, рекла Шакира.

Во продолжение на разговорот пејачката упати и индиректна порака до новата девојка на Пике.

„Постои место во пеколот резервирано за жени кои не поддржуваат други жени… Го имав тој сон за семејство каде децата имаат мајка и татко под ист покрив… Очигледно е невозможно да се остварат сите соништа, но животот сепак наоѓа начин сè да ви надокнади и мислам дека тоа ми се случи мене – бидејќи имам прекрасни деца кои секојдневно ме исполнуваат со љубов“, заклучила пејачката.

Да потсетиме, во јуни минатата година поранешниот шпански фудбалер и поп ѕвездата објавија крај на нивната 12-годишна врска во која ги добија синовите Милан (10) и Саша (8).

Слични содржини