Браната Липа во неготинско е напукната, протекува од многу места и има опасност од рушење на дел од насипот, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој денеска беше на местото.
„Ангелов оствари средба со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, а потоа со раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Неготино, Пане Трајков и со мал тим од општината и дописникот на МИА за тој регион, се упати кон село Липа, близу коешто е лоцирана истоимената оштетена брана.
По непосредниот реализиран увид и документирање на состојбата на терен, ќе следат и наредни чекори за превентивно дејствување од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, во координација со субјектите од системот за управувњесо кризи“, информираат од ЦУК.