Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска предупреди дека постои „сериозна закана“ за нуклеарната централа Запорожје и дека, како што тврди, Русија е „технички подготвена“ да предизвика локализирана експлозија во тој објект.
Зеленски како извор на оваа информација ја наведе украинската разузнавачка служба, објави Ројтерс.
„Постои сериозна закана бидејќи Русија е технички подготвена да предизвика локална експлозија на станицата што може да доведе до ослободување (на радијација)“, рече Зеленски на прес-конференцијата одржана во Киев со шпанскиот премиер Педро Санчез.
Тој не даде други детали.
Украинската воена разузнавачка служба претходно објави дека руските војници детонирале нуклеарна централа.
Зеленски ја повика меѓународната заедница да посвети поголемо внимание на ситуацијата во најголемата европска нуклеарна централа.
Тој повика и на воведување санкции против руската државна нуклеарна компанија Росатом.