516
Мадона пред некој ден беше хоспитализирана поради бактериска инфекција со која се уште се бори. Според TMZ, извори блиски до пејачката откриле дека Мадона се уште е во лоша форма.
„Таа цело време лежи во кревет и постојано повраќа“, открил близок извор на пејачката за TMZ.
Изворите открија дека пејачката не реагирала на околината за време на нејзиниот престој во болница и морала да биде интубирана најмалку една ноќ.
Да потсетиме, кралицата на попот неодамна беше итно хоспитализирана, откако беше пронајдена без свест во својот дом.