Хрватскиот тренер Иван Јуриќ потпиша договор со Рома до 30 јуни 2025 година. Тој на кормилото на „Волчицата“ го наследи Даниеле Де Роси, кој доби отказ откако тимот не оствари ниту една победа во првите четири кола од новата сезона во Серија А.
Јуриќ ќе дебитира в недела, од 18 часот на Олимпико, а противник е Удинезе.
Сепак, како што сега стојат работите, Јуриќ премиерата нема да ја памети по добрата атмосфера, бидејќи навивачите решија да му свртат грб на клубот.
Иако ваквата одлука не е разбирлива во навивачкиот свет, италијанските медиуми уверуваат дека навивачите ќе го бојкотираат клубот со оглед на тоа што сменетиот Де Роси е икона на Рома. Тој играше во дресот на Рома од 2001 до 2019 година и има над 600 натпревари во неговиот омилен дрес.