Потомци на Словенци бегаат од Венецуела, сакаат назад во Словенија

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Канцеларијата за дијаспора во словенечката влада добила повеќе од 20 барања за враќање дома на словенечки државјани и нивни потомци кои живеат во Венецуела, држава погодена од тешка економска и политичка криза.

Во мај, акцијата беше иницирана од властите во Словенија и одобрена од парламентарната комисија за дијаспора, одговарајќи на поплаките од лица од словенечко потекло кои велат дека во Венецуела, поради сериозна криза, останале без извор на приходи и здравствена заштита.

Според словенечките медиуми, досега не е одобрена ниту една апликација за репатријација, бидејќи се чека посебен предлог-закон.

Владата на Словенија досега одобри финансиска помош од вкупно 1.500 евра, а преку Канцеларијата за хуманитарна помош на Европската комисија 50.000 евра за трошоци за лекување.
Според проценки, неколку илјади Словенци живеат во Венецуела.