184
Најмалку четворица загинаа при потонување на брод со туристи во близина на мексиканскиот град Канкун.
Бродот кој патувал од Исла Мухереш до Пуерто Хуарез, бил погоден од силни бранови, а водата навлегла во внатрешноста, поради што бродот почнал да тоне.
Со бродот се превезувале 16 и тројца членови на екипажот, соопштија надлежните.
Помеѓу загинатите двајца се мажи, една е жена и една е девојка, а седум лица се водат како исчезнати. Сè уште не е соопштен идентитетот на загинатите.
Во тек е а акцијата за спасување, при што досега спасени се осум луѓе.