Силно невреме погоди делови од Австрија во текот на ноќта, а некои места беа поплавени, како Халејн и Куфштајн.
Властите во провинцијата Салцбург го повикаа населението да не ги напушта своите домови и да остане во гаражи и подруми, како и да не се приближува до реките.
#Hallein Land unter… 😭😭😭😭
#hochwasser #Österreich #Salzburg #Klimakatastrophe pic.twitter.com/FghIbHRpFk
— Günter S. Bachbauer #staysafe (@dukatesGB) July 17, 2021
Во покраината Тирол, пожарникарите имаа полни раце битка со поплавите, поројните води и одроните на земјиштето, а на територијата на општината Куфштајн, поројните води носеа автомобили.
Градот Келхсау, поради поплавените патишта, остана отсечен од остатокот од земјата, а во тој мал град се одржа градски фестивал, како резултат на кој заглавени останаа околу 80 лица од соседните градови.
Now Austria 🇦🇹 💔.
The frequency and severity of flash floods will grow and grow until we get to zero emissions.#NowhereIsSafe https://t.co/g8Rx4ZQVAe
— Extinction Rebellion (@ExtinctionR) July 17, 2021
Еден летен камп мораше да биде евакуиран во Итер поради излевање на реката.
Невремето изненади и еден брачен пар во провинцијата Каринтија, кој не можеше да се врати на дното на планината во Малница поради свлечиште, па полицијата мораше да ги евакуира со хеликоптер.
И во Виена обилните дождови во некои делови на градот предизвикаа поплави во бројни подруми.