Генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани и претставникот на УСАИД, Фарук Сердаревич денеска потпишаа Меморандум за соработка со што
АД МЕПСО ја започнува постапката за набавка на нов SCADA/EMS систем ( Supervisory Control And Data Acquisition/Energy Management System).
Препознавајќи ја важноста што АД МЕПСО ја има во обезбедувањето ефикасно и доверливо управување со електроенергетскиот систем на РС. Македонија,
од исклучителна важност во овој процес е поддршката што ја дава УСАИД кој согласно потпишаниот Меморандум ќе обезбеди грант за консултантски услуги
кои на АД МЕПСО ќе му помогнат во делот на подготовка на технички спецификации, тендерирање и целосна имплементација на новиот SCADA/EMS систем.
Финансирањето на новиот SCADA/EMS систем, АД МЕПСО ќе го реализира со сопствени средства.