Потпишани нови 900 договори за давање во закуп на државно земјоделско земјиште

од Milan1
303 прегледи

„Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска потпиша нови 900 договори за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари. Овие договори се за двата јавни повици објавени во август 2021 година за површини во Битола, Македонски Брод, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Велес, Берово, Пехчево, Валандово, Гевгелија, Струмица, Прилеп и Штип, соопштуваат од Министерството.

Министерот Љупчо Николовски посочи дека договорите на апликантите ќе им бидат доделени на терен.

„Во периодот 2017-2019 година се стави акцент на зголемување на обработливите површини преку правична распределба на државната земја. Се склучија 700 договори за доделување државно земјоделско земјиште во закуп, се искористија 4.000 хектари државно земјоделско земјиште во закуп за до 3 и над 3 хектари, се склучија 35 договори за површина од 124 хектари за производство на добиточна храна. За прв пат се објави инвестициски оглас и се потпишаа 17 договори за изградба на винарници, кланици, млинови, оранжерии и откупни центри, со вкупна инвестиција од 11 милиони евра, а воедно се склучија договори за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција. Преку измени на Законот за земјоделското земјиште се ослободија од плаќање на закупнина младите земјоделци до 40 години во првите три години од закупот“ истакнуваат од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Слични содржини