ПОТПИШУВААТ ПЕТИЦИЈА: Жители во германски град повеќе сакаат свингерски клуб, отколку сместување за бегалци

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Во Хатинген, во јужниот регион Рур (Северна Рајна-Вестфалија), свингерски клуб наскоро може да се затвори и да стане сместување за бегалци. Сепак, тоа не им се допаѓа на сите жители, па потпишаа онлајн петиција.

На петицијата против затворањето на клубот досега веќе се потпишале 600 луѓе.

Сепак, прашање е дали ова ќе го спаси клубот. Како што наведуваат градските власти во соопштението, одлуката за затворање на клубот е целосно на менаџерот на клубот, кој е и сопственик на имотот.

-Ништо не забранивме. Сопственикот сака да се повлече од бизнисот, а градските власти се заинтересирани за имотот, изјави портпаролката на градот Хатинген.

Ако свингерскиот клуб навистина биде затворен, во зградата ќе има станови за бегалци.

– Зградата има место за 60 бегалци кои моментално се сместени во контејнери за бегалци во Хатинген, изјави портпаролката на Градот.

Слични содржини