Потпишување на заедничка декларација за намери за соработка меѓу владата на Република Северна Македонија и владата на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Сојузна Република Германија

234 прегледи

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи и министерот за сојузни и европски, како и меѓународни прашања на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Штефан Холтхоф-Фертнер, на 16 февруари 2021, ќе потпишат Заедничка декларација за намери за соработка меѓу Владите на Република Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија. Потпишувањето ќе се одржи по пат на видео врска, заради епидемиолошките услови, а на свечената церемонија во Скопје ќе присуствува и амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија Анке Холштајн.

Северна Рајна-Вестфалија со население од речиси 18 милиони граѓани, претставува најголема германска покраина по број на жители и е седиште на бројни водечки, не само германски, туку и европски индустриски и бизнис капацитети. Со потпишување на Заедничката декларација се очекува дополнителното зацврстување на позицијата на Сојузна Република Германија, како најважен надворешно-политички и економско-трговски патрнер на Република Северна Македонија, како и еден од трите најзначајни инвеститори на нашиот пазар.

Слични содржини