Американската потпретседателка Камала Харис во среда ќе отпатува за Мемфис за да присуствува на погребот на Тајер Николс, млад Афроамериканец жртва на бруталност од пет црни полицајци, објави Белата куќа.
По тој случај што се случи на почетокот на јануари, американските власти изразија страв од социјални немири како што избувнаа во 2020 година кога почина Џорџ Флојд – Афроамериканец жртва на бруталноста на бел полицаец.
Братот на Флојд исто така ќе биде на погребот, според адвокатите кои го застапуваат семејството на Тајер Николс.
Николс починал во болница на 10 јануари, три дена откако полицајците го претепале кога му го запреле автомобилот поради сообраќаен прекршок за наводно несовесно возење. Тие го натерале да излезе од автомобилот и го претепале на земја.
Американскиот претседател Џозеф Бајден по смртта на Николс изјави дека разговарал со неговата мајка и и рекол дека ќе се донесе Законот за реформи во полицијата, кој ќе го носи името на Џорџ Флојд.
Фото: City of Memphis via AP