Потрагата е во тек: Потона руски брод, 17 лица се водат за исчезнати

од Берта Китинска
245 прегледи

Рускиот рибарски брод „Онега“ потона во Баренцовото Море недалеку од архипелагот Нова Земја со екипаж од 19 члена. Две лица беа спасени, додека другите се водат како исчезнати, соопшти утрово руското Министерство за вонредни состојби .

Според првичните резултати од истрагата, несреќата на северот на Русија била предизвикана поради формирање на мраз.

Руските новински агенции известуваат дека во тек е операција за пребарување и спасување и дека е покрената истрага.

Бродот е произведен во 1979 година и оттогаш се вее со руското знаме.

Според податоците на порталот „Поморски сообраќај“, бродот тргнал од Мурманск на 11 декември, а потоа се закачил во норвешкото пристаниште Киркенес, од каде пловел на 14 декември.

Слични содржини