Потребите за основна егзистенција на семејството, зголемени за 122 денари за само два месеци?!

287 прегледи

Основните трошоци за едно четиричлено семејство, во месец март во однос на февруари се зголемиле за 70, додека во однос на јануари високи 122 денари. Ова се дел од најновите статистики на синдикалната кошница презентирата од страна на ССМ.

Според нив, минималните трошоци за едно семејство од четири лица, во март изнесувале 33.772 денари. Од нив, речиси 42 проценти одат за храна и пијалоци, 32 проценти за подмирување на режиските трошоци, 7,4 проценти за превоз, 7,2 проценти за хигиена и 6,2 проценти за облека и обувки. Останатото е за здравствени услуги и за културни активности.

Согласно пресметките на ССМ, минималните трошоци на едно четиричлено семејство не можат да се покријат со просечно исплатената плата во земјава. Така, во јануари според објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата изнесувала 28.272 денари, додека вредноста на синдикалната кошничка за истиот месец е 33.650 денари, односно минималните трошоци на едно четиричлено семејство биле повисоки за 5.378 денари од просечната плата.

Сојузот на синдикати на Македонија повеќепати досега бараше зголемување на минималната плата за 60 проценти од просечната, а согласно тоа, да се изврши и скалесто зголемување кај останатите плати.

Слични содржини