Панел дискусијата која ја спроведе Тинк-тенк „Аналитика“ и која се однесува на Презентација на Прирачник за разбирање и постапување со енергетска сиромаштија во Р. С. Македонија, јасно укажа дека енергетската сиромаштија во С. Македонија е комплексен проблем. Дискутантите во рамки на панел дискусијата сметаат дека енергетската сиромаштија треба да биде централен фокус за време на нашата енергетска транзиција.
Прирачникот беше изработен во рамки на проектот “Енергетска сиромаштија на агендата”, финансиран од здружение Еко Свест а имплементиран од Аналитика тинк тенк. Автор на прирачникот е др Ана Стојиловска од Аналитика која истакна дека Еден од најголемите предизвици со кои енергетски ранливите граѓани се соочуваат кој е истовремено и проблем на голем дел на оние кои не се енергетски ранливи, е покривањето на непредвидени трошоци, што укажува дека граѓаните немаат доволно финансиски заштеди кои би ги инвестирале во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Енергетската сиромаштија не е само неможност да се платат сметките за енергија, туку треба да се смета за дел од потребата да се гарантира задоволување на сите основи потреби во домот – за греење, ладење, превоз, комуникации и сл. Ова а важно бидејќи скриена енергетска сиромаштија е кога граѓаните им да даваат предност на плаќањето на сметките за електрична енергија и греење, но за да го постигнат тоа намалуваат трошоци за други основни потреби, како превоз, храна и сл.
Маријана Лончар Велкова, претседателка на Организацијата на потрошувачи на Македонија, истакна дека потребно е да се делува за да не го понесат граѓаните најтешкиот товар од инфлацијата. Таа апелира дека се потребни подобро осмислени владини мерки за ограничување на цените, за сите да може да се прехранат. Лончар потенцираше дека направиле истражување за задоволството на граѓаните од водните услуги и јавно осветлување, при што 37% од граѓаните се незадоволни од наплатата на вода, 62% не се задовлони од испораката на електрична енергија заради фаактот што без изгаснати светлата низ повеќето општини, а граѓаните секако плаќаат струја. Граѓаните искажале незадоволство и од јавниот превоз, и немаат доверба дека нешто конкретно ќе се превземе и реши. 60% од испитаниците се неадоволни од испорака на услуги од јавните препријатија. Потребно е точно дефинирање на јавните услуги за да се обезбеди подобра услуга.
Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштија истакна дека има постојана некознстистеност и некоординираност на политиките во оваа област. Таа истакна дека социјлните политики заостанаа позади еколошките политики. Ако теоретски енегетска сиромаштија е мултидимензионална, локализирана е во локалните политики и така поуспешно може да детектира енергетско сирошашн граѓани. Локалната заедница е важна во целиот овој проблем за намалување на енергетската сиромаштија. Мора да имаме политики кои ќе превенираат сиромаштија и да се надминат предизвците кои доведуваат до намалување на приходите.
Сања Трпковска од Цепросард потенцираше дека енергетската ефикаснот влијае за намалување на енергетска сиромаштија, но иста не е доволна сама по себе. Мора да имаме енергетско ефикасни домови, но сиромашните луѓе тоа не можат да си го дозволат. Понудените мерки во облик на субвенции не се доволни за справување со овој проблем, посебно заради фактот што секогаш сиромашните граѓани заостануваат при ефикасно користење на овие мерки.
Владимир Стојановски од Здружение на граѓани за подршка на шумарството и животната средина ТРИФОР – Скопје потенцираше итноста од подигнување на јавната свест за важноста на екосистемските услуги, нивно зачувување и унапредување. Истакна дека во моментов има нов закон а шуми, каде се дава посебен акцент на сиромашните
Прирачникот кој го изработи Аналитика е наменет за широка група на чинители во Северна Македонија кои работат на енергетски, социјални, еколошки, здравствени, родови, климатски и сродни прашања за да се информираат за повеќедимензионалните аспекти на енергетската сиромаштија која засега се поголем број на граѓани особено како резултат на енергетската криза и зголемување на цените на енергенсите. Прирачникот илустрира повеќе аспекти на енергетската сиромаштија и нуди 28 препораки. Енергетската сиромаштија во С. Македонија е комплексен проблем кој се јавува како резултат на ниските приходи, но и ниската енергетска ефикасност на становите, високите цени на енергенсите и недостатокот на систематска поддршка за справување со овој предизвик.