Потребно ли е да се забави процесот околку прифаќањето на францускиот предлог за да не се дозволи ескалација?

од Vladimir Zorba
445 прегледи

Модифицираниот предлог на францускиот претседател, Емануел Маркон за почеток на преговорите на С.Македонија со ЕУ ги натера граѓаните да го изнесат својот гнев на улиците, додека Владата со своите партнери, опозицијата и граѓанските здруженија почна да спроведува широки консултации.

Ставот на „Зелен Хуман Град“ (ЗХГ) во однос на тоа дали треба во овие моменти да се забави процесот околку францускиот предлог за да не дозволи ескалација на ситуацијата во земјава, е дека „не смее да се донесе никаква одлука без да биде усогласена меѓу и прифатена од мнозинството“

-Нашиот став е во склад со повикот од петицијата на Институтот за европска политика и на Институтот за демократија. Под ниеден услов не смее да се држат во тајност преговори и да се договараат деликатни решенија далеку од очите на јавноста. Се соочуваме со дипломатско насилство од Европската унија која со двојни аршини пристапува кон различни земји со ист кандидатски статус. Наводно европските вредности значат славење и прифаќање на различностите. Она што веќе со децении го гледаме кон Македонија е безобразно тактизирање што кулминираше со брутални и примитивни обиди за обезличување на еден народ чиешто постоење и право на самоопределување во ниедно прогресивно и правично општество не би било вака срамно оспорувано, велат од ЗХГ.

Оттаму посочуваат дека поддршката од земји кои се соочиле со асимилација е добредојдена.

-Северна Македонија има историска шанса за чекор напред и започнување на преговорите за членство во ЕУ, така да во вакви предизвици треба да се донесат храбри одлуки. Процесот е долг и во тој процес многу околности може да се променат во прилог на државата затоа и треба ден побрзо да се направи чекорот кон започнување на преговорите со ЕУ, велат од ЗХГ.

Според движењето „Беса“ процесот е долг и „во тој процес многу околности може да се променат“.

-Северна Македонија има историска шанса за чекор напред и започнување на преговорите за членство во ЕУ, така да во вакви предизвици треба да се донесат храбри одлуки. Процесот е долг и во тој процес многу околности може да се променат во прилог на државата затоа и треба ден побрзо да се направи чекорот кон започнување на преговорите со ЕУ.

Предлог, во земјава стигна на 30 јуни. Трите документи испратени од ЕУ после неколку денови беа преведени и на македонски јазик, но јавноста сè уште е куса за билатералниот Протокол со Бугарија, за кој се претпоставува дека ги содржи клучните прашања за историјата за кои луѓето негодуваат.

Протоколот, всушност е записникот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија формирана врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Протестите против предлогот започнаа на 2 јули почнаа на дел од нив имаше и инциденти, со материјална штета, приведени и повредени.

Б.М.

Слични содржини