Потресна исповед на принцот Вилијам: Имав големи психички проблеми, се чувствував како цел свет да умира!

од Nikola Popovski
352 прегледи

Ретко искрено интервју на идниот британски крал за депресијата во која западнал откако бил сведок на тешка несреќа во која било повредено 5-годишно момче.

Британскиот принц Вилијам откри дека имал голема психичка криза и паднал во тешка депресија откако бил сведок на тешка несреќа во која пред неколку години за малку ќе умрело петгодишното момче Боби Хјуз!

Во 2017 година, Вилијам работел како пилот на хеликоптер во Брзата помош и помогна да се спаси животот на момче кое било само една година, две години постаро од неговото првородено, принцот Џорџ.

Станува збор за сообраќајна несреќа во која Боби Хјуз претрпе сериозно оштетување на мозокот.

– Кога стигнавме на местото на несреќата, ни падна само една мисла во главата – како да му помогнеме на тоа момче. Неговите родители беа хистерични, како што можете да замислите. Врескаа, плачеа, беа во вистинска агонија, изјавил Вилијам во подкастот на Епл „Time to Walk“, кој ќе се емитува вечерва и продолжи:

– Тој настан продолжи да живее во мене. Таа вечер отидов дома прилично вознемирен. Не плачев, но почувствував дека нешто се промени во мене, почувствував како напнатоста расте. Ми беше толку непријатно… Се чувствував како цел свет да умира. Како што одминуваа неделите, мојот очај само се засилуваше. Едноставно ја чувствувате сечија болка, сечие страдање. А тоа не сум јас, никогаш не сум го почувствувал тоа претходно…

-Мојот личен живот беше во ред, сè околу мене функционираше. Бев среќен дома и на работа, но во исто време продолжив да се прашувам: Зошто се чувствувам вака? Зошто се чувствувам толку тажно? Почнав да разбирам дека всушност ги носам дома траумите и тагите на сите овие луѓе и сето тоа влијае на една личност, потенцирал Вилијам.

Принцот откри како разговорот со колегите и средбата со семејството на момчето му помогнале да ги победи своите демони со текот на времето. Во март 2017 година, момчето Боби го удрило автомобил пред неговата куќа во Есекс, од возач кој посетувал авто-школа.

Детето ја преживеало несреќата, а неговите родители ја напуштиле работата за да се грижат за него. Принцот Вилијам останал во контакт со нив. Мајката на момчето, Карли Хјуз (40) рече дека е горда што еден ден ќе може да го нарече принцот Вилијам свој крал и му се заблагодарила за се што направил за нив.

Слични содржини