Потресни факти околу убиството на момчето,кое игра Pokemon Go

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Извршителите истрелале против него и неговиот пријател 17 куршуми, нападот е извршен од убијци кои стрелаат движејќи се  со џип1468982500-14 (1)

18-годишен тинејџeр од Гватемала  беше застрелан за време на игра на Pokemon Go. При нападот тој го загубил животот, а тешко повреден бил и негов 17-годишен пријател. Двајцата играле ловење Покемон на улица во градот Чикимула кога покрај нив профучил џипот. Од возилото бил отворен оган. Подоцна полицајците собрале од местото на инцидентот 17 чаури.

18-годишниот загинал  на  самото место, додека неговиот пријател бил однесен во болница. Лекарите се борат за неговиот живот.Засега причините за вооружениот напад не се познати. Играта Pokemon Go, која драстично ги освојува гејмерите од целиот свет, овозможува да се комбинираат реалноста и виртуелниот простор.