Потресни податоци за смртта на Дијана! Протече таен разговор меѓу Блер и Клинтон

од desk3
98 прегледи

Доверлив разговор меѓу Тони Блер и Бил Клинтон во ноќта, во која загина принцезата Дијана, протече во медиумите. Стенограмот од над 500 страници беше објавен од Daily Mail.Од него станува јасно дека тогашниот британски премиер Тони Блер му телефонирал на американскиот претседател Бил Клинтон, соопштувајќи дека “ѕвездата згасна”.

20160108.ljqllproev

“Здраво, Бил. Ова е ужасно, едноставно ужасно. Лично на мене ќе ми недостасува, таа беше како ѕвезда. И ете, ѕвездата угасна. Таа беше од обично семејство, но за простите луѓе беше необична “, вели Блер. “Да, тоа е ужасно. Луѓето ја сакаа “, вели Бил Клинтон.

“Се видовме пред една недела, на ручек заедно со принцот Вилијам”, истакнува британскиот премиер. А американскиот претседател изразува загриженост за нејзините деца.

2FE3F75300000578-0-image-a-78_1452192067179

“Таа умееше да наоѓа заеднички јазик со апсолутно секој човек. Поголемиот нејзин син личи на неа, тој е мирен како мајка му “, вели уште Тони Блер. Запрашан за детали околу инцидентот, тој вели дека е можно телохранителот на принцезата да е жив и да знае нешто. “Во хотелот побарале автомобил и возач. Зборуваат дека нејзините пратиле пијан возач. Амбасадата и француската влада не знаат ништо “, коментира Блер. Тој ја споделува недовербата дека под мостот Алма во Париз се случи само инцидент.

Брисел ќе издвои 1 милијарда евра за земјите по надворешните граници

“Ова едноставно е невозможно, се тврди дека возеле со 100 милји на час. Со таква брзина не можат да поминат низ овој тунел “, наведува Блер.

“Би требало да се превртат на патот и да се забијат во ѕидот”, забележува за возврат Клинтон.

2FE3F75700000578-0-image-a-79_1452192073489

Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа во тунел во Париз заедно со Доди ал Фајед и нивниот возач Анри Пол на 31 август 1997 година. Нивниот автомобил Мерцедес-Бенз S280 се удри во столбови на тунелот Алма. Причините за инцидентот и во моментов остануваат мистерија. Според една од верзиите возачот бил мртов пијан, според друга возел брзо, за да им избега на папараците.

Единствениот преживеан во несреќата е телохранителот. Тој, сепак добива сериозни повреди, ја губи својата меморија, што пак ја спречи полицијата со точност да ја врати сликата на трагедијата.