Разорна експлозија уништи хотел во кубанската престолнина Хавана, а сцените од местото на настанот потсетуваат на урнатините на ракетните згради во украинските градови.
Станува збор за хотелот Саратога кој се наоѓа во историскиот центар на Хавана, а засега не е познато дали има жртви.
SARATOGA HOTEL IN HAVANA CUBA SUSTAINED HEAVY DAMAGE FROM EXPLOSION -CNN pic.twitter.com/kDiyGUqkhf
— FXHedge (@Fxhedgers) May 6, 2022
Полицијата и спасувачките служби дошле на местото на настанот и го блокирале хотелот и околните згради за да ја обезбедат областа.
Амбулантни возила се на терен и ги подигнуваат повредените лица кои спасувачките служби веќе ги извлекле од урнатините и ги однеле во болницата Каликсто Гарсија.
Станарите за медиумите изјавија дека во околината се чувствува силен мирис на гас.
Луксузниот хотел Саратога има 96 соби, кафулиња, ресторани, велнес центар, теретана и базен на покривот. Се наоѓа во близина на зградата Ел Капитолио, една од најпрепознатливите објекти во Хавана.
BREAKING: Major explosion damages historic hotel in Havana, Cuba; no word on injuries pic.twitter.com/QyksoqI2fI
— BNO News (@BNONews) May 6, 2022