Потрошила милиони на хотели и спа третмани за настраданите, Наоми Кембел во центарот на скандалот!

од Milan1
46 прегледи

Велика Британија ѝ забрани на светски познатата манекенка Наоми Кембел пет години покровителство над добротворни акции за благородна цел, откако беше откриено дека парите се потрошени на хотели, спа третмани, лично осигурување…

54-годишната убавица беше дел од елитна група супермодели во 90-тите. Таа го основа здружението „Fashion For Relief“ во 2005 година со цел да собира средства за хуманитарни цели, но таа добротворна организација беше отстранета од државниот регистар на добротворни организации оваа година.

Истрагата на Комисијата за добротворни цели откри дека на сметката нема толку пари колку што заработува од модни настани организирани за собирање средства за благородни цели и наметна петгодишна забрана за Кембел и уште двајца патрони, пренесува 24sata.hr.

Истрагата покажа дека помеѓу 2016 и 2022 година, тие издвоиле само 8,5 отсто од собраните средства за добротворни цели, додека на еден патрон незаконски му биле исплатени 290.000 фунти. Парите биле искористени и за скапи хотели, третмани за убавина, лично осигурување…

Наоми се рсплакала пред новинарите и негирла дека ги потрошила парите

Слични содржини