Потрошувачката и производството на јаглен во ЕУ на историски најниски нивоа

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Европската Унија ги забележа најниските нивоа на потрошувачка и производство на јаглен во историјата во 2024 година, покажаа податоците на Евростат објавени денес.

Производството на јаглен се намали за 12 проценти на годишно ниво на 242 милиони тони, додека потрошувачката се намали за 13 проценти на годишно ниво на 306 милиони тони.

Ова намалување доаѓа по уште подраматичното намалување помеѓу 2022 и 2023 година, кога потрошувачката на јаглен се намали за 23 проценти, а производството за 21 процент.

Уделот на јагленот во производството на електрична енергија во Европската Унија се намали од 16 проценти во 2022 година на само 12 проценти во 2023 година, што потврдува дека овој извор на енергија се користи сè помалку во електроенергетскиот сектор.

Увозот на јаглен од Русија се намали за дури 98 проценти помеѓу 2021 и 2023 година поради санкциите, предизвикувајќи значителна промена во структурата на добавувачите на Европската Унија.

Според податоците, во 2023 година, 90 проценти од нето увозот на тврд јаглен во ЕУ доаѓал од пет земји: Австралија и САД, по 25 проценти, Колумбија 18 проценти, Јужна Африка 14 проценти и Казахстан девет проценти, според веб-страницата на Евростат.

Слични содржини