Потврден говедски коронавирус во Македонија

од Vladimir Zorba

На Факултетот за ветеринарна медицина започнале со тестирање на вирус кај животните, а потврдени се неколку случаи на говедски коронавирус, пренесе ТВ 21.

„Направивме и неколку прелиминарни испитувања на материјали кои што ги имаме од животни кои што имале репираторни заболувања и кај добар дел од нив, можам да кажам и очекувано потврдивме присуство, меѓутоа на говедски коронавирус. Тоа е вирус кој што е аналоген на вирусот кај луѓе кој што предизвикува обична настинка.“, вели проф. д-р Кирил Крстевски.

Професорите велат дека пристапот е ист како и кај луѓето, започнале со истражување откако во светот се појавиле случаи на заразени домашни миленици со коронавирус.

„Пристапот дијагностички е идентичен и кај животните како и кај луѓето. Во соработка со нашата универзитетска клиника, случаите на домашни миленици каде што постои индиции на респираторни заболувања ги тестираме на присуство на овој вирус.“, вели Крстевски.

Слични содржини