Потврден наследникот на Citroen C3 Aircross

од Vladimir Zorba
306 прегледи

За време на денешната промоција на електричниот модел e-C3, Citroen го објави и наследникот на C3 Aircross.

За почеток, наследникот на C3 Aircross се очекува веќе во 2024 година.

Најавите на сликите откриваат потпис на LED осветлување многу сличен на e-C3, бидејќи и двете се инспирирани од концептот Citroen Oli. Идниот B-SUV ќе прифати повисок и поблокиран став од e-C3, со значително подолга каросерија во споредба со неговиот претходник.

Наследникот на C3 Aircross ќе може да прими седум патници, во традиционалниот распоред 2+3+2. Со ова Citroen ќе понуди алтернатива на Dacia Jogger.

Европскиот Citroen C3 Aircross ќе биде редизајнирана верзија на новиот C3 Aircross кој првпат беше претставен во мај 2023 година за региони како Индија, Југоисточна Азија и Јужна Америка. Иако ќе дели неколку каросериски панели, се очекува европската верзија да изгледа помодерно и да нуди поголема удобност, технологија и безбедност.

C3 Aircross од европски спецификации најверојатно ќе биде долг близу 432 см, што е 170 мм подолго од неговиот претходник.

Засега Citroen не соопштува детали за идниот модел, но според некои информации би требало да се нуди со бензински мотор и во целосно електрична верзија. Ова е можно благодарение на приспособливоста на „Smart Car“ платформата, а истата ќе се користи и во следната генерација на Opel Crossland, која исто така доаѓа во 2024 година.

Слични содржини