Peugeot ќе лансира GTi варијанта на е-208, потврди новиот шеф Ален Фејви, а овој „хот-хеч“ е поставен да ги предводи напорите за „негување на репутацијата на марката за возачки сензации“.
Според британски Autocar, тоа ќе биде првиот модел GTi откако претходната генерација на Peugeot 308 излезе од продажба во 2021 година и првиот спортски електричен автомобил на Peugeot.
Зборувајќи за медиумите, Фејви рече: „Јас сум во позиција да потврдам дека ќе ја воведеме GTi верзијата на е-208 што е можно поскоро. Донесовме одлука Peugeot GTi повторно да биде претставен“.
Тој додаде дека тоа е „сигнал“ за „тоа што значи повторно да се поврземе со нашето минато, нашата историја“ и дека ќе ги поврзе патните автомобили на француската марка со нејзиното вклучување во мотоспортот.
„Сакаме да продолжиме да ја негуваме репутацијата на марката за возбудливи сензации и фактот дека нашите автомобили создаваат посебни чувства за возење“, рече Фејви.
Тој истакнува дека враќањето на името GTi беше „прашање што си го поставувал многу“ откако ја презел улогата на извршен директор на Peugeot од Линда Џексон како дел од поширокото менување на менаџментот на Stellantis.
Што се однесува до пошироката линија GTi или спортски модел со мотор со внатрешно согорување, Фејви посочи дека тоа ќе зависи од повратните информации од клиентите. Тој рече: „Почнуваме со 208 и [ние] сигурно ги слушаме вашите коментари или што имаат да кажат нашите клиенти“.
Новиот e-208 GTi најверојатно ќе го користи истиот погон како и новиот Abarth 600e, кој се базира на истата платформа e-CMP како и e-208. Италијанскиот кросовер има мотор со 240 КС поставен напред со Torsen LSD диференцијал. Тежи 1625 kg и забрзува од 0-100 km/h за 6,2 секунди.
Можно е полесниот e-208 опремен со истиот погон да го намали тоа на помалку од 6,0 секунди.