Потврдена нова рекордна температура на Антарктикот

од Stefanija Kuzmanovska
500 прегледи

Светската метеоролошка организација (СМО) во петокот потврди нова рекордна температура на Антарктикот од 18,3 степени Целзиусови, измерена во февруари 2020 година.

Пред конечната потврда на секој нов рекорд на температура, СМО секогаш спроведува проверка на точноста на мерните уреди.

Претходниот рекорд беше 17,5 степени Целзиусови, измерен во 2015 година.

„Антарктичкиот полуостров (северозападен врв во близина на Јужна Америка) е еден од регионите со најголемо затоплување на планетата, скоро три степени Целзиусови во последните 50 години. Овој нов температурен рекорд е во согласност со досега регистрираниот тек на климатски промени“, рече лидерот на СМО Петери Таалас.

Антарктичките глечери и ледени капи се резултат на снежни врнежи и се топат во океанот во близина на копнените брегови. Нивното зголемено топење влијае на нивото на морето, предупреди Александар Хауман од Универзитетот во Принстон.

„На Западен Антарктик има зголемено топење во последните 30 години, побрзо од кое било поголемо топење на мразот забележано од последното ледено доба“, рече Хауман. „Сепак, сè уште не знаеме точно на кој начин, и дали воопшто, ова зголемено топење е поврзано со климатските промени предизвикани од човековото дејствување“, додаде тој.

Слични содржини