Потврдена смртната казна на Канаѓанецот Роберт Шеленберг

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Кинескиот суд денеска ја отфрли жалбата на канадскиот државјанин Роберт Шеленберг на смртната казна, на која беше осуден поради шверц на дрога.

36-годишниот Канаѓанец беше уапсен во 2014 година за обид да прошверцува 227 килограми метафетамин од Кина во Австралија, беше осуден на 15 години затвор во ноември минатата година, но, по жалбата, судот го осуди на смрт.

Канадскиот амбасадор во Кина Доминик Бартон денеска ја осуди одлуката на кинескиот суд со која беше потврдена смртната казна за Шеленберг и повика на помилување, пренесува „Ројтерс“.

Амбасадорот им рече на новинарите дека Канада останува длабоко загрижена за произволната употреба на смртна казна од Кина.

Бартон рече дека не е случајно што Кина одлучи за жалбата на Шеленберг во време кога во Канада е во тек тужба против извршниот директор на „Хуавеи“, Менг Ванж.

Слични содржини