Потврдено: Четворица американски војници загинаа во близина на границата со Белорусија

од Milan1
132 прегледи

Четворица американски војници загинаа за време на вежби во Литванија, изјави во средата генералниот секретар на НАТО Марк Руте за време на посетата на Варшава.

„Додека го држев мојот говор, дојде веста за смртта на четворица американски војници во инцидент во Литванија“, изјави Руте за новинарите, додавајќи дека се уште не ги знае деталите.

Американската амбасада во Вилнус претходно денеска извести дека четворица американски војници исчезнале во вторникот попладне и дека војската и полицијата на балтичките земји трагаат по нив, заедно со американската војска.

Амбасадата на социјалната мрежа „Х“ напиша дека војниците исчезнале на полигон во близина на Пабраде во источна Литванија, во близина на границата со Белорусија.

Соопштено е дека „војниците од 1-та бригада, 3-та пешадиска дивизија изведувале планирана тактичка обука во моментот на инцидентот“.

Слични содржини