Конечно се враќа малку мрачната серија која храбро зборуваше за темите за семејното насилство и неговите последици! Иако мислевме дека тоа е се од серијата „Потврдено од Никол Кидман: Серијата „Big Little Lies“ добива трета сезона“, Никол Кидман откри дека очекуваме трета сезона во која ќе ги видиме веќе познатите ликови.
„Ги сакав Big Little Lies затоа што дојде во период од мојот живот кога имав деца и мислев дека ќе се пензионирам, а потоа имаше ситуација кога Рис Витерспун и јас бевме во можност да го продуцираме тоа шоу“, објасни Кидман, заблагодарувајќи се на публиката за поддршката на серијата, која беше голем успех.
„Ќе ви донесеме и трета сезона, само за ваша информација“, рече таа пред воодушевената публика.
Пред речиси пет години беше објавена втората сезона на криминалистичката драма на HBO, која доби бројни пофалби од критичарите, особено за сценариото, режијата, глумата, продукциските вредности, кинематографијата и саундтракот. За квалитетот на серијата говори и фактот што првата сезона доби дури 16 номинации за Primetime Emmy наградата и освои осум!
Рис Витерспун, Никол Кидман, Шејлин Вудли, Лора Дерн и Зои Кравиц глумат пет жени кои живеат во Монтереј, Калифорнија и кои се вмешани во истрага за убиството на насилниот сопруг на ликот на Кидман. Во втората сезона, Мерил Стрип се придружи како мајка на убиениот насилник и свекрва која е подготвена да и го загорчи животот на својата снаа.
Исто така, ова е еден од најуспешните проекти на продукциската куќа на Витерспун – Hello Sunshine.