Фудбалскиот менаџер Мино Рајола почина на 54-годишна возраст, објави неговото семејство на официјалната сметка на агентот.
„Во бескрајна тага, ја споделуваме смртта на најгрижливиот и најпрекрасен фудбалски агент што некогаш постоел“, се наведува во објавата за Рајола и се додава:
„Мино се бореше до крај со истата сила што ја поставуваше на преговарачките маси кога ќе ги претставуваше нашите играчи. Како и обично, Мино не направи горди, а тој тоа никогаш не го сфати. Мино допре многу животи со својата работа и напиша ново поглавје во историјата на модерниот фудбал. Ќе ни недостига засекогаш. Мисијата на Мино да го направи фудбалот подобро место за играчите ќе продолжи со истата страст. Им благодариме на сите за големата поддршка што ја добивме во овие тешки моменти и бараме почитување на приватноста на семејството и пријателите во овој момент на тага“, велат од семејството Рајола.