Поранешниот полски претседател Лех Валенса навистина бил платен информатор на комунистичките тајни служби во земјата, соопшти АП, цитирајќи го Лукаш Камински – директорот на државниот Институт за национална меморија (ИНП) во Варшава.
Тоа го потврдуваат документите запленети оваа недела од вдовицата на последниот комунистички министер за внатрешни работи Чеслав Кишчак. Таа се обидела да го продаде на ИНП документот кој била должна да го предаде многу порано. Жената тврдеше дека има и уште многу документи од ваков вид. Веднаш бил направен полициски претрес во нејзиниот дом и беа запленети пронајдените архивски единици.
Тие докажуваат дека Лех Валенса навистина бил агент со прекарот Болек, во периодот 1970-1976 година
Овие тврдења се појавија всушност уште во 90-тите година на дваесеттиот век. Тогаш Валенса призна дека потпишал договор да биде информатор, но инсистираше на тоа дека никогаш не дејствувал како таков. Името му беше расчистено од сомневање од специјален суд во 2000 година.
ГДОМ, расол и нужда… голема!
Лукаш Камински денеска соопшти дека меѓу конфискуваните документи има лист хартија, потпишан од Валенса како со неговото вистинско име, така и со псевдонимот. Има и страници со извештаи и белешки за добиени пари, потпишани од познатиот полски политичар.
Досието на Валенса се состои од две папки. Првата е персонална. Таа содржи 90 страници документи. Втората папка е за работата на тајниот соработник. Таму има 279 страници, меѓу кои бројни поткажувања на агентот Болек.
Документите се автентични. Такво е јасното мислење на експерт по архивите, соопшти Камински.
Ова може сериозно да наштети на имиџот на Лех Валенса, кој се смета за симбол на демократските промени не само во Полска, но и во цела Источна Европа.
Во 1980 година, кога работеше како електричар во бродоградилиштето “Ленин” во Гдањск, тој застана на чело на штотуку формираниот во неговата татковина синдикат “Солидарност”. Комунистичките власти беа принудени да го легализираат.
Во летото 1989 година за прв пат во историјата на социјалистичкиот кампус една комунистичка партија ги загуби изборите. Тоа се случи во Полска, каде што “Солидарност” победи убедливо.
На крајот на истата година се распадна комунизмот низ цела Источна Европа.
Во 1990 година Лех Валенса беше избран за претседател на Полска. Тој помина само еден мандат – до 1995 година, кога беше поразен од реформиран комунист Александар Квашњевски. Тогаш се врати за некое време на работа како електричар во Гдањското бродоградилиште.
Иако надвор од власта, Валенса беше баран за совети од сите полски политичари. Тој дури размислуваше за враќање во политиката по доаѓањето на власт на браќата близнаци Лех (загинат во 2010 година) и Јарослав Качински, кои ги обвини дека и штетат на Полска.
Сето ова, му создаде на Валенса ореол на чесен политичар.
