Повеќе од 300.000 жители на Киев утринава останаа без струја, а во некои квартови нема греење и вода, изјави денеска првиот заменик-шеф на градската управа Николај Поворозник.
„Неодамна успеавме да ја стабилизираме состојбата со електричната енергија во градот. Сепак, од денес, вонредните прекини на електрична енергија се уште траат во различни области во главниот град. На пример, утринава над 300.000 потрошувачи во Киев немаа струја“, рече Поворозник, пренесе агенцијата ТАСС.
Покрај тоа, рече тој, областите кои немаат струја, исто така, немаат греење или вода.
„Пред се, станува збор за високи згради кои се снабдуваат со вода со помош на пумпи. Не работат ниту котелските постројки во градот, кои се уште не ги опремивме со агрегати“, прецизираше украинскиот функционер.