Повеќе од милион бегалци пристигнаа во Германија од Украина минатата година

од Radmila Tasevska

Околу 1,1 милион бегалци пристигнале во Германија од Украина минатата година, со што го надминале приливот на мигранти од Блискиот Исток од 2014 до 2016 година, објави денес германската статистичка служба.

Според извештаите, две третини од имигрантите од Украина пристигнале првите три месеци по руската инвазија на таа земја или помеѓу март и мај минатата година.

Податоците беа објавени во пресрет на една година од почетокот на инвазијата на 24 февруари, што доведе до раселување на милиони Украинци. Без оние кои се вратиле во Украина, минатата година во Германија останале 962.000 украински бегалци, што е повеќе од вкупниот број од 834.000 кои дојдоа од Сирија, Авганистан и Ирак помеѓу 2014 и 2016 година.

Институтот соопшти дека тоа ги направи граѓаните на Украина втора по големина иселеничка заедница во Германија по турските граѓани, објави Ројтерс.

Слични содржини