188
Поголемиот дел од земјите на ЕУ се за воведување на тестирање за Ковид-19 пред заминувањето на патниците од Кина во ЕУ, објави Европската комисија.
По состанокот во вторникот на Комитетот за здравствена безбедност, советодавно тело на ЕУ составено од здравствени експерти од 27 земји на ЕУ, беше откриен заедничкиот пристап на ЕУ кон ова прашање, објави Ројтерс.
„Огромното мнозинство земји се за тестирање на патниците пред да патуваат“, рече портпаролот на ЕК.