Google е пред Facebook како платформа, од која доаѓаат најмногу пренасочувања за посети на веб-сајтови во 2017 година
Овој показател е нов тренд, имено, дека за прв пат минатата година пребарувачот станува поважна појдовна точка отколку социјалната мрежа, откако двете ги разменија местата во 2013 година.
Податоците доаѓаат од социјалната платформа Shareahollic која го анализирала сообраќајот од над 400 милиони корисници, кои посетиле повеќе од 250 илјади сајтови во 2017 година. На база на оваа корисничка активност, платформата ги издвоила 6-те најпопуларни пребарувачи и 13-те најкористени социјални мрежи. Така станува јасно дека минатата година 34.8 проценти од посетите на даден сајт доаѓаат од пребарувачите, а од социјалните мрежи кон него одат 25.6 проценти.
Shareahollic прогнозира дека и оваа година пребарувачите ќе бидат со најголем придонес за сообраќајот и тоа го објаснува со фактот дека сегментот е доминиран со голема предност од Google.
2За сајтовите е многу лесно да се оптимизираат за пребарувачите, бидејќи треба да се фокусираат само на една или две платформи“, се вели во анализата.
Кај социјалните мрежи Facebook исто доминира, но потоа цела дузина платформи имаат речиси еднаков удел, што создава пофрагментиран пазар.