Повеќе не е најмладата милијардерка: Ги фалсификувала податоците за богатството

од Stefanija Kuzmanovska

Откако ги фалсификувала податоците за нејзиното богатство, Кајли Џенер (22) остана без титулата најмлада милијардерка во светот, пишува „Дејли Меил“.

Во најновиот извештај на „Форбс“, манекенката е обвинета за лажење за стекнато богатство и фалсификување на даночни пријави со цел да ја зголеми нејзината нето вредност.

„Форбс сега смета дека Кајли Џенер, дури и откако заработи околу 340 милиони долари по плаќањето на данокот на продажба, не е милијардерка“, се вели во најновиот извештај.

Минатата година, „Форбс“ ја прогласи за најмлада милијардерка во светот, која сама го стекнала своето богатство, благодарение на продажбата на сопствената линија на шминка и козметика Kylie Cosmetics. „Форбс“ тврди дека нивните нови пресметки го проценуваат богатството на Кајли на нешто помалку од 900 милиони долари.

Минатата година, Кајли го симна од престолот основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Цукерберг (35), кој ја заработи својата прва милијарда во 2008 година, кога имаше 23 години.

Слични содржини