Повеќе не се кријат: Бен Афлек не ги трга рацете од згодната актерка

466 прегледи

Пред неколку дена американските медиуми се распишуваа за љубовната врска меѓу актерот Бен Афлек и актерката Ана де Армас. Најновите фотографии преполни со романтика на плажата на Костарика тоа и го докажуваат.

Бен не крие колку е воодушевен од новата девојка. Младата Кубанка ја нарекуваат Софија Лорен на новото доба, па не е чудно што не одолеал ниту 56-годишниот актер.

Новиот пар е фотографиран од голема далечина за време на романтична прошетка по песочната плажа на Костарика, каде парот се упатил со цел да помине неколку дена заедно во родната Куба.

Згодната 31-годишна актерка изгледала среќно и опуштено, а носела долг фустан. Заљубениот Бен не ги тргал рацете од неа, држејќи ја околу струкот и бакнувајќи ја. Покрај тоа, во едната рака тој носел фотоапарат со кој ја фотогравирал девојката.

Бен и Ана се запознале за време на снимањето на филмот „Deep Water“.

Слични содржини