Повеќе од 1.000 компании банкротирале во Јапонија

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Во Јапонија, заради последиците од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, повеќе од илјада компании банкротираа за една година, покажа истражувањето спроведено од компанијата „Teikoku databank“.

Според резултатите од истражувањето на компаниите кои поднеле банкрот од февруари 2020 година, најтешко е погоден угостителскиот сектор во Јапонија, во кој банкротирале 159 компании, јавува јапонскиот јавен радиодифузер NHK.

Во истиот период, меѓу другото, клучот во брава ставиле 85 градежни компании, како и 78 хотели и пансиони.

Поради последиците од кризата предизвикана од пандемијата на вирусот во Јапонија, во просек секој месец околу сто компании сопирале со работа, пренесува агенцијата Анадолија.

Слични содржини