Новото истражување покажува дека деца под 5-годишна возраст не треба да поминуваат повеќе од 1 час на ден пред екранот (било да е тоа компјутер или ТВ), а оние под 2 годинки воопшто не треба да бидат доведени пред него.
Според научниците од Американската педриатична академија, премногу честата употреба на мобилни уреди – смартфони, таблети, лаптопи и други, го нарушуваат сонот на малите деца, нивната здравствена состојба и нивната способност да се дружат.
Британски доктори ги потврдуваат резултатите од истражувањето и повикуваат за донесување на итни мерки, пишува “Дејли мејл”.