Повеќе од 10.000 Украинци влегле во Романија, илјадници патуваат кон Бугарија и Унгарија

од Nikola Popovski
234 прегледи

Во екот на воената криза во Украина, преку 6-те гранични премини во Романија влегле вкупно 10.624 украински државјани, соопшти романскиот министер за внатрешни работи Лусијан Боде.

Тој прецизираше дека 3600 од нив поминале низ земјава на пат кон Бугарија и Унгарија. Од сегашните околу 7.000 Украинци, само 11 побарале азил во земјата, рече Боде.

Портпаролката на Агенцијата за бегалци на ОН денеска изјави дека најмалку 100.000 Украинци ги напуштиле своите домови во изминатите 24 часа, а неколку илјади ја минале границата со соседните земји.

Слични содржини