Повеќе од 100.000 Украинци пристигнаа во Велика Британија врз основа на две програми за помош по рускиот напад на Украина, соопшти денеска владата во Лондон.
Според Обединетите нации, речиси 6,2 милиони Украинци избегале од војната и нашле засолниште во европските земји.
Повеќе од 1,2 милиони украински бегалци се регистрирани во Полска, наведува „Ројтерс“.
Лондон понуди програми засновани на прием на Украинци чии членови на семејства веќе живеат во Британија и можноста Британците да обезбедат домување за бегалците.
Британската влада тврди дека процесот на прием е целосно дигитализиран, така што секоја апликација се обработува во рок од 48 часа. Децата помлади од 18 години ќе можат да аплицираат да дојдат во Британија без родител или старател, доколку имаат доказ за родителска согласност.