Повеќе од 120 луѓе загинаа во нападот и борбите што следеа во областа Буркина Фасо во близина на границата со Мали, соопшти владата.
Досега е потврдена смртта на 65 цивили и 58 борци во напад што се случи во близина на градот Арбинда, на северот од земјата, се наведува во владиното соопштение, пренесe Хина.
Жестоките вооружени судири меѓу припадниците на милицијата и армијата доведоа до крвопролевање.
Полицијата на Буркина Фасо во четвртокот објави на Фејсбук дека „скршила“ околу 400 борци.
Безбедносните сили соопштија дека на местото на настанот пронашле големо количество оружје и муниција.
Вооружени групи се активни во оваа западноафриканска земја, од кои некои ветија верност кон групата Исламска држава во Ирак и Левант (ИСИЛ) или мрежата на Ал Каеда.
Иако е поштеден од напади многу години, има значителен пораст на теророт од милицијата во Буркина Фасо од 2015 година.
Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 1,2 милиони луѓе се внатрешно раселени од насилство од бунтовничките групи.