Повеќе од 2.000 пензионери протестираа денеска во Минск, барајќи оставка од долгогодишниот авторитарен претседател на Белорусија, Александар Лукашенко.
Пензионерите, кои традиционално протестираат во понеделникот, носеа црвено-бели знамиња на опозицијата, симбол на демонстрациите на опозицијата иницирани од средината на август.
Тие носеа и слики на приврзаникот на опозицијата Роман Бондаренко, кој почина во болница пред две недели откако беше приведен. Се верува дека претрпел повреди на главата здобиени при притворање.
„Бабите и дедовците тешко се лекуваат од нови рани“, гласеше еден од транспарентите, пренесе Асошиејтед Прес.
Во еден момент, собраните влетаа во полицискиот кордон, а потоа се движеа во различни насоки во мали групи.
И покрај напорите на властите да ги задушат демонстрациите со апсење и потиснување на демонстрантите и активистите, масовните протести не стивнуваат дури и по три и пол месеци.