Повеќе од 200 лица се уапсени во меѓународна акција против трговија со мигранти

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Во координавија со Интерпол спроведена е операција која овозможи апсење на повеќе од 200 шверцери, трговци со луѓе и осомничени за трговија со мигранти на четири континенти, соопшти денеска меѓународната организација за полициска соработка со седиште во Лион, Франција.

Акцијата беше спроведена во периодот од 27 ноември до 3 декември во 32 држави во САД, Африка, Европа и Азија со поддршка на Програмата за борба против трговија со мигранти Интерпол, Европол, Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Канцеларијата на ООН за дрога и криминал (УНОДЦ). .

Меѓу 200 уапсени, 30 се поврзани со случаи на сексуална експлоатација на жени мигранти или трговија со луѓе, се вели во соопштението на Интерпол.

Во Мексико полицијата го уапси осомничениот, водач на криминална група што превезува мигранти од кубанскиот брег кон Мексико, каде биле лишени од слобода, измачувани и им се заканувале, наведува организацијата.

Вкупно 100 потенцијални жртви на трговија со луѓе се идентификувани и помогнати во Бразил, Чиле, Доминиканска Република, Салвадор, Шпанија и Уругвај, се додава во соопштението.

Операцијата покажува до кој степен криминалните организации продолжуваат да профитираат од ранливите луѓе во потрага по подобар живот, особено за време на пандемијата Ковид 19 и од нив бараат големи суми пари и не се грижат или скоро не се грижат за нивната благосостојба, изјави генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток.

Во акцијата спроведена во Бразил против криминалните групи „Соњо Американо“, „Леи до Реторно“ и „КаиКај III“, откриено е дека насилниците од кандидатите за имиграција во САД одзеле околу 22 000 долари.

За време на оваа операција, Интерпол издаде 18 црвени известувања, 367 сини известувања со барање информации за потенцијални осомничени, 188 жолти известувања за исчезнати лица и четири сини известувања со барање за поделба на информациите за начинот на постапување на криминалците.

Слични содржини