На листата на невработени лица според Агенцијата за вработување заклично со октормври годинава, во евиденција се внесени 2098 медицински сестри и 249 доктори. Од нив 225 имаат статус на невработени речиси цела година, колку што и трае Ковид кризата во земјава.
Кај медицинските сестри пак, алармантен е фактот што од вкупно запишаните во евиденцијата, 939 се по професија медицински техничари, 873 се по професија медицински сестри, специјалисти во таа област се на број 21. а дипломирани 63, 4 пак од нив, се специјалисти за интензивна нега.
Деновиве има информации дека одделни болници за потребите на ковид-центрите имаат огласи за прием на медицински кадар.
Потреба од медицински кадар имаат и приватните болници и установи каде што најчесто завршува медицински кадар кој ги напушта јавните здравствени установи.
Инаку, се поставува прашањето, каде досега беа сите тие огласи, со оглед на тоа што несомнено имаме дефицит од кадар кој се брои секојдневно со ковид пациентите, но и онакви кои пак, бараат шанса да помогнат на здравствениот систем.