Повеќе од 250.000 луѓе од корона починаа во САД, Фаучи со ново предупредување до граѓаните

од Берта Китинска
262 прегледи

 

Во Соединетите држави, повеќе од 250.000 луѓе починаа од вирусот корона.Според Универзитетот Џонс Хопкинс, 250.029 луѓе починале од КОВИД-19 во САД, а биле потврдени скоро 11,5 милиони случаи на инфекција, пренесува Би-Би-Си.

Соединетите држави имаат најмногу заразени и мртви од корона во светот, а бројот на заразени е зголемен во последната недела.

Главниот американски инфектолог Ентони Фаучи во средата изјави дека земјата оди во погрешен правец и дека луѓето најверојатно ќе се соберат внатре кога времето ќе стане постудено.

Фаучи предупреди на нов бран епидемии што доведува до повеќе смртни случаи.

„Тоа е многу сериозна ситуација“, рече тој.

Фаучи го повтори својот повик до граѓаните да се придржуваат кон анти-епидемиски мерки, како што се носење маски за лице, физичко дистанцирање и избегнување гужви.

„Звучи толку едноставно, но има одредено ниво и со текот на времето  предизвикува замор “, рече Фаучи.

Тој ги повика граѓаните да „издржат само малку подолго“ затоа што помошта во форма на вакцина е „на пат“.

Слични содржини